Момчето на Алесандра Амбросио се "помочало" во гаќи на Коачела

Точка

15/04/2019

17:29

3.764

Големина на фонт

а а а

Американските медиуми пишуваат дека не станува збор за истурен пијалак, туку дека дизајнерот Николо се помочал во гаќи. Кога налетале фоторепортери, на Алесандра и било непријатно па го покривала лицето.

Поранешниот ангел на "Victoria's Secret" викендов со своето момче, италијанскиот моден креатор Николо Оди, го посетила музичкиот фестивал Коачела во Калифорнија. Николо е основач на луксузниот бренд "Алануи", а парот често може да се види на разни настани. 

Додека заминувале од забавата во доцните часови, посетителите се вртеле по нив. На панталоните на Николо се наоѓала голема влажна дамка во подрачјето на препоните, а тој очигледно не бил свесен за тоа. 

Американските медиуми пишуваат дека не станува збор за истурен пијалак, туку дека дизајнерот Николо се помочал во гаќи. Кога налетале фоторепортери, на Алесандра и било непријатно па го покривала лицето.

Парот е заедно од летото 2018-та година, а почнале да се забавуваат 6 месеци откако Амбросио ја прекинала врската со партнерот Џејми Мазуро, со кој ги има децата Ања и Ноа.

Поранешната моделка рекла дека е многу љубоморна во врска и дека поради тоа бара мажи кои не се славни.

"Не сакам да бидам во врска со некој што го сакаат сите жени. Доволно е силна конкуренцијата околу обично момче, а не па за некоја ѕвезда", рекла своевремено манекенката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг