Се продава Мерцедесот на Гадафи

Точка

15/04/2019

17:15

3.946

Големина на фонт

а а а

На продажба во Есен, Германија се најде редок примерок на Mercedes-Benz 260 E кој своевремено му припаѓал на поранешниот либиски претседател, Моамер Гадафи.

Компанијата „Тамоил“ која што е гигант во нафтената индустрија, работи на територијата на Италија, Швајцарија и Африка, а меѓу другите, на листата со акционери на оваа компанија се наоѓа и Либија.

За своите високи гости да ги дочекува како што доликува, компанијата го нарачала феноменалниот примерок на моделот 260 E Limousine, а еден од главните корисници на ова возило бил лично Моамер Гадафи. Овој Мерцедес бил негово главно превозно средство за време на посетите на Италија.


Во однос на сериската верзија, конкретниот примерок лесно се разликува по шесте врати и трите реда седишта.

Како што можете да претпоставите, овој автомобил не е премногу експлоатиран и има поминато само 9 илјади километри, што е импресивно. Сепак, треба да се истакне дека перформансите на оваа голема лимузина не се така импресивни, иако под хаубата е сместен шест-цилиндарски мотор. 160-те коњски сили имаат премногу работа со тешката каросерија на овој луксузен автомобил.


Мерцедесот на Гадафи го продава компанијата “Coys”, а неговата пазарна цена се проценува на од 10 до 15 илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг