Внук објавил видео од својата 96-годишна баба како “џуска”, а ние имаме само еден коментар – секоја чест!

Точка

15/04/2019

17:07

2.464

Големина на фонт

а а а

Познатиот американски уметник Тод Гудмен објавил видео на својот Фејсбук профил, на кое се гледа како неговата баба стара 96 години танцува како човек во своите дваесетти години.

“Не постои ништо во животот на кое сум повеќе горд од фактот дека оваа 96-годишна девојка, оваа танцувачка машина е моја баба. Таа е моја инспирација, моја мотивација, мојата душа и срце”, стоело во описот на неговата видео снимка. 

За танцувачките способности на оваа баба, но пред сѐ и за волјата за танц во десеттата деценија од животот, можеме да кажеме само едно – секоја чест!




Спонзорирани линкови

Маркетинг