Дали Самсунг навистина ќе го претстави овој „брутален“ телефон за неколку месеци?

Точка

15/04/2019

16:54

3.693

Големина на фонт

а а а

Нема сомнеж дека Самсунг наскоро ќе го претстави новиот Galaxy Note 10, но тоа најверојатно нема да биде се.

Како што пренесува “TechRadar”, се споменува уште еден модел – Galaxy Note 10 Pro. Оваа информација ја открил добро информираниот @Universelce, иако се разбира, оваа вест треба да се земе со доза на резерва.

Оваа вест беше објавена на Твитер, без дополнителни информации, па за изгледот и останатите спецификации на евентуалниот модел Pro на Galaxy Note 10 може само да се нагаѓа.


Претходно се појавија гласини дека Самсунг планира да претстави две големини на екранот – една од 6,75 инчи и другата нешто помала од 6,66 инчи. Доколку тоа е вистина, тогаш Pro моделот веројатно би бил со поголемиот екран, иако Pro би можело да значи дека телефонот ќе биде опремен со 5G технологијата или некои други напредни спецификации.

Исто така, можно е да бидат претставени и повеќе од два модели, со оглед на тоа што Самсунг претстави четири верзии на најновиот Galaxy S10 – Galaxy S10e, Galaxy S10 Plus и Galaxy S10 5G му се придружија на стандардниот модел.


Note 10 најверојатно нема да биде претставен пред август, а дотогаш можеме да очекуваме нови гласини околу новиот, најмоќен телефон на јужнокорејската компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг