Морничаво место во близина на Венеција: Островот на смртта кој никој не смее да го посети

Точка

15/04/2019

15:02

2.313

Големина на фонт

а а а

Повеља е италијански остров во Венецијанската лагуна кој се протега на дури 0,072 квадратни километри, а се смета за едно од најтаинствените и најморничавите места на светот.

Лоша репутација стекна уште во времето на Римското царство кога ова место помеѓу Лидо и Венеција се користело како карантин за лекување на чума. Кога чумата повторно ќе почнела да напаѓа во Европа во Средниот век, на Повеља повторно биле пренесувани илјадници болни луѓе. 


Се претпоставува дека повеќе од 100.000 починале и биле запалени на островот во тој период, и дека 50 % од тлото се состои од пепел од човечко потекло.

Покрај сè, на Повеља во 1922 година отвориле психијатриска болница во која наводно се експериментирало со лоботомија. Не е чудно што започнале да се шират приказните дека островот е проклет и дека го прогонуваат духови.


Италијанската влада сакала да профитира од целата оваа приказна и да го даде островот во концесија на 99 годишна личност која од старата болница би направила луксузен хотел, но тој проект никогаш не се реализирал.

Денес овде е забранет пристапот за сите посетители.





Спонзорирани линкови

Маркетинг