Што се случува со мачката на Асанж?

Точка

15/04/2019

15:17

2.309

Големина на фонт

а а а

Мачката на основачот на Викиликс, Џулиан Асанж, е на безбедно место, објави организацијата на Твитер.

„Можеме да потврдиме дека мачката е на безбедно. Асанж ги замоли своите адвокати да го спасат од заканата од Амбасадата во средина на октомври. Тие повторно ќе се сретнат на слобода“, напишале Викиликс.

Над оваа објава, била објавена фотографија од мачката како седи покрај телевизискиот екран на кој се прикажува апсењето на Асанж. Мачката на Асанж, која живеела со својот сопственик во амбасадата, била позната и имала дури свои профили на социјалните мрежи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг