Поради оваа фотографија му бил укинат азилот на Асанж: Претседателот на Еквадор фатен во непријатна ситуација

Точка

15/04/2019

21:45

11.870

Големина на фонт

а а а

Расправијата околу порцијата јастог во кревет го чинела Џулијан Асанж азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде минал седум години избегнувајќи екстрадиција во Шведска.

Како што пренесуваат многубројни западни медиуми, азилот на Асанж му го укинал претседателот на Еквадор, Ленин Морено, откако во јавноста се појавиле повеќе од 200 негови приватни пораки и фотографии на кои со сопругата ужива во луксузен одмор во Европа и јаде јастог во хотелски кревет. 

Тие фотографии предизвикале голем бес кај јавноста во Еквадор во моментите кога шефот на државата вовел мерки за штедење во земјата. Морено го обвинил Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, што основачот на Викиликс демантирал. Откако бил исфрлен од зградата на амбасадата, а британските власти го уапсиле поради кршење на условна слобода, Морено порачал дека Асанж немал право да му го хакира приватниот телефон.

На Асанж му се заканува екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоставување, како и САД, кои го бараат поради објавување на стотина илјади доверливи дипломатски документи. Во Америка е обвинет за загрозување на националната безбедност, поради што би можел да биде осуден на смртна или доживотна казна затвор.

Џон Шиптон, татко на Џулијан Асанж, побарал од австралиската влада да го врати неговиот син во Австралија и рекол дека е шокиран од изгледот на неговиот син при апсењето. Шиптон е биолошки татко на Асанж и бил секретар во партијата Викиликс, која неговиот син ја основал по повод изборите за Сенатот во 2013-та година. Тој го посетувал својот син секој Божиќ во амбасадата на Еквадор во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг