Путин го изненади светот: Еве кога моќната ракета која може да го уништи цел Тексас ќе биде подготвена

Точка

15/04/2019

16:05

4.338

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин откри дека најмоќната ракета во арсеналот на руската армија наскоро ќе биде подоготвена за употреба.

Новата генерација на смртоносното оружје, ракетата наречена „Сатана 2“ наскоро ќе биде распоредена и подготвена за употреба, додека хиперсоничната ракета „Кинжал“ и ласерскиот систем „Пересвет“ веќе се во борбена готовност.

„Завршните тестови на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ беа успешни“, изјави Владимир Путин за ракетата која што на Западот е позната како „Сатана 2“ и се смета за најмоќната руска интерконитнентална балистичка ракета досега.

Оваа изјава на Путин за време на церемонијата за промоција и доделување на награди на високите официри, многумина ја протолкуваа како јасна порака дека тестирањата на ракетата се успешно завршени.

Руските власти за ракетата „Сатана 2“ тврдат дека може да го избегне ракетниот штит на Соединетите Американски Држави и дека е во состојба да уништи подрачје со големина колку американската сојузна држава Тексас или Англија и Велс.

Оваа ракета е само дел од плановите на Русија за модернизација на својата армија која веќе започна да ги добива модерните оружја за кои Путин неодамна порача дека се најмоќните на целиот свет и за кои нема одбрана.

Неодамна се појавија и првите снимки од ракетата „Циркон“ која може да лета со брзина од 6 илјади километри на час, а хиперсоничната ракета „Кинжал“ која патува со брзина десет пати поголема од брзината на звукот неодамна била тестирана во јужна Русија. Таа ракета може да биде лансирана од МиГ-21 борбен авион и да биде опремена со нуклеарно или конвенционално оружје.

Борбениот ласерски систем „Пересвет“ кој што исто така е подготвен за употреба Русите тврдат дека лесно може да ја заслепи непријателската електронска опрема благодарение на својот моќен ласерски сноп.

Откако Путин се пофали со ракетата „Сармат“, западните експерти изразија скептицизам околу тоа колку Русија е блиску до оперативна употреба на една таква ракета. Сепак, се чини дека Путин на крајот прилично го изненади светот со оглед на тоа што, според неговите зборови, ракетата е веќе подготвена. Русите тврдат дека новата ракета може да понесе 15 боеви глави, а во служба на руската армија најверојатно ќе влезе веќе идната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг