Пронајден изгорен автомобилот со кој беше ограбена НЛБ банка

Нетпрес

15/04/2019

14:00

5.450

Големина на фонт

а а а

Од страна на полицијата до сега пронајдени се полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронајдоа и автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два часа откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но се уште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.

Весникот KOHA од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил „голф 5“” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по четири лица.

Кражбата, се случила околу 9 часот, додека, пак, крадците палејќи го „голф“-от, успеале да си заминат со друг автомобил од истиот модел во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг