НЛБ Банка се огласи за вооружениот грабеж во експозитурата Чаир

Нетпрес

15/04/2019

13:55

2.344

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка се огласи преку известување за вооружениот грабеж во експозитурата Чаир.

- Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, стои во известувањето на НЛБ Банка АД Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг