Конгресменката од редовите на Демократите, Илхан Омар изјави дека се повеќе ѝ се закануваат со смрт откако Доналд Трамп на својот профил објави дека таа негирала дека во 2001-ва година имало терористички напад во Њујорк.
„Тоа ги загрозува животите и мора да престане“, изјави Омар, обвинувајќи го претседателот на САД за поттикнување на десничарски екстремизам.
Омар додаде дека насилните злосторства и дела од омразата на десничарските екстремисти и белите расисти се во пораст во САД и ширум светот: „Не можеме повеќе да игнорираме да ги охрабрува нашиот претседател. Сите ние сме Американци“.
Ilhan Omar says she has received an increase in death threats following Donald Trump's 9/11 tweet https://t.co/FNfGTWZMYi pic.twitter.com/zx71SCfAel
— Newsweek (@Newsweek) April 15, 2019
Нејзината изјава следуваше откако Ненси Пелоси од Представничкиот дом соопшти дека се превземени чекори за да се обезбеди безбедноста на Омар. Пелоси најави дека ќе продолжи да ги следи заканите упатени кон Омар и го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го охрабрува таквото однесување.
Доналд Трамп објави Твит во кој откри дека Омар за нападот од 11-ти септември 2001-ва година изјавила дека „некои луѓе направиле нешто“ и не го сметала тоа за терористички напад.