Монструозен потег на Јанис Адетокумбо: Заби во кошот од линијата за слободни фрлања

Дерби

15/04/2019

12:31

1.126

Големина на фонт

а а а

Екипата на Милвоки Бакс на убедлив начин стигна до првата победа во плеј-офот серијата против Детроит Пистонс. Бакси го декласираа противникот со 12:86, а уште еднаш феноменален на паркетот беше Јанис Адетокумбо.

Грчкиот кошаркар забележа 24 поени на кои придодаде и 17 скокови, а го изрежира и најубавиот потег на натпреварот.

Во третата четвртина, Јанис го претрча теренот во само неколку чекори и се одрази речиси од линијата за слободни фрлања. Феноменалниот кошаркар скокна на точно 4.17 метри до кошот и успеа да ја забие топката по што доби стоечки овации од гледалиштето.

Следниот натпревар меѓу овие два тима повторно ќе се игра во Милвоки, а на програмата е закажан за ноќта меѓу среда и четврток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг