Видео: Едно лице повредено во вооружениот грабеж на НЛБ Банка во Чаир

Нетпрес

15/04/2019

12:14

6.746

Големина на фонт

а а а

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во близина на зградата на општина Чаир се случил грабеж, по што интервенирала полицијата, пренесува телевизијата ТВ21.

Вооружени лица утрово извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улица „Ферид Бајрам“ во скопски Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10,30 часот и како што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг