Поради ова му го укинаа азилот? Погледнете како Асанж го поминувал времето во еквадорската амбасада

Точка

15/04/2019

09:30

13.121

Големина на фонт

а а а

Досега имаше разни верзии за тоа како Асанж го поминува времето во еквадорската амбасада, а сега објавено е видео на кое се гледа како основачот на Викиликс вози скејтборд.

Основачот на Викиликс за време на неговиот седумгодишен престој во еквадорската амбасада во Лондон немаше премногу опции околу тоа како да го поминува своето време, а една од неговите омилени активности била возењето на скејтборд.

На видеото кое што го добиле „Ел Паис“, а го пренесува „Дејли Мејл“, може да се види како Асанж вози скејтборд во просториите на амбасадата, со што се покажаа како точни тврдењата на вработените од амбасадата, кои во минатото се жалеа дека Асанж правел врева со возењето на скејтбордот на паркетот.

Инаку, Џулијан Асанж беше уапсен пред неколку дена откако еквадорските власти му го укинаа азилот. Тој моментално е во притвор и голема е веројатноста британските власти да го екстрадираат во САД каде што е обвинет за објавување преку Викиликс на американски државни тајни со кои што ја загрозил националната безбедност на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг