Погледнете го првиот лет на авионот со најголеми крила на светот: Има два трупа, а крилата се поголеми од терен за американски фудбал

Точка

14/04/2019

17:00

4.112

Големина на фонт

а а а

Авионот со најголем распон на крила на светот успешно го завршил својот прв лет, соопштила американската компанија "Stratolaunch". Авионот има два трупа и распон на крила од 117метри, што е поголемо од тревник за американски фудбал.

Авионот летал два и пол часа над калифорниската пустина Мохаве. 

"Каков одличен прв лет", рекол извршниот директор на "Stratolaunch", Жан Флојд.

"Денешниот лет е нов чекор во нашата мисија за обезбедување на флексибилни алтернативи за лансирања од Земјината површина", рекол тој.

"Stratolaunch" во 2011-та година бил основан од со-основачот на "Microsoft", Пол Ален.

Целта е да се овозможи поевтин пристап до Земјината орбита со лансирање на сателити во вселената од авиони, наместо од земја.

Авионот во саботата полетал од вселенскиот полигон Мохаве, на околу 150 километри северно од Лос Анџелес.

Летал на висина до пет километри и извел неколку маневри, вклучувајќи и симулирано летање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг