Половина Европа во лов на јапонскиот Меси, Барселона веќе беше казнета поради него

Точка

13/04/2019

13:09

4.110

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и бројни други европски клубови, ова лето отпочнуваат голема реконструкција на тимовите. Реал за засилување припреми половина милијарда евра, Баерн Минхен наводно ќе потроши многу повеќе од 80 милиони евра колку што го плати Лукас Хернандез, но ќе започнат и “грабнувањата” на младите играчи.

Еден од нив е Такефуса Кубо, 17-годишно чудо од дете кое на 15 години беше најмладиот дебитант во историјата на јапонската лига во која присилно мораше да се врати кога имаше 13 години. Имено, неизмерниот талент на Кубо во Кавасаки Фронтале го препозна и големата Барселона додека имаше само 10 години и веднаш го доведе во Ла Масија. Такефуса беше новото големо име пред ФИФА да го поништи неговото доаѓање во Барселона и буквално да го депортира назад во Јапонија. 

Иако противзаконски го довела како 10-годишно момче, Барселона имала право на можност за прво купување кога младиот Јапонец ќе се врати еден ден во Европа, но ФИФА ја поништи и таа клаузула, па така Такефуса ова лето може практично да бира клуб за кој ќе игра. За него се заинтересирани Реал, ПСЖ, Манчестер Сити и уште неколку големи европски клубови.

Кубо во последните две сезони повремено играше за првиот тим на Токио и Јокохама Маринос, во кој беше на позајмица, но оваа сезона е стандарден член на првата постава на тимот кој во првите шест кола запиша четири победи и две ремија. Кубо запиша еден гол и една асистенција, а за младите категории на јапонската репрезентација веќе одиграл 32 натпревари. За тимот U-20 дебитираше на само 15 и пол години.


Јапонецот е класичен десен везист кој со неговата конституција многу потсетува на Меси. Висок е 173 центиметри и има 67 килограми, а токму поради стилот на игра, чекорот и техниката, светот го споредува со еден од најдобрите играчи на сите времиња.

“Неверојатно е колку напредуваше за само шест месеци, преку ноќ се претвори од дете во маж. Зајакна, стана многу поцврст во дуелите и ја поправи својата игра. Мислам дека е спремен да игра во Европа и сигурен сум дека ќе стане голем играч”, изјавил тренерот на Токио, Кента Хасегава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг