Асанж затворен во британскиот Гвантанамо: Тука лежат најозлогласените затвореници, а еве какви се условите

Точка

13/04/2019

15:10

7.211

Големина на фонт

а а а

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж се наоѓа во затворот Белмарш на југоистокот на Лондон, открија британските правосудни власти.

Белмарш е затвор од „А“ категорија со висок степен на обезбедување и има капацитет од 910 затвореници.

Овој затвор многумина го нарекуваат „Британскиот Гвантанамо“, а во затворот лежеле „познати“ затвореници како што е Абу Катада – десната рака на Осама Бин Ладен задолжен за операции во Европа, како и четворицата озлогласени џихадисти осудени за обид за самоубиствен напад во лондонскиот јавен превоз.


Според многумина, токму изборот на овој затвор е најдобар показател за строгиот пристап кон Асанж кој се бори против екстрадиција во САД каде што е баран од американските власти поради откривање на државни тајни.

Асанж во еквадорската амбасада немал ништо друго освен најосновните работи – бил сместен во канцеларија во која што имало само кревет и една донирана лента за трчање. Во собата тој немал природна светлина. Инаку, ниту во затворот Белмарш не го чекаат подобри услови.


Во затворот кој е изграден во 1991-ва година, времето кое ќе го минува надвор од ќелијата е ограничено – според последните извештаи, затворениците надвор од ќелиите минуваат помалку од 2 часа во една седмица.

Доколку Асанж биде сместен во единицата за високоризични затвореници, работите ќе бидат уште полоши. Условите во ова одделение се опишани како „екстремно калустрофобични“, а пристапот до теретаната и библиотеката е уште поограничен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг