Адвокатката на Асанж и уредникот на Викиликс порачале: Тој не оди никаде, ќе се бори до победа

Точка

12/04/2019

20:49

2.526

Големина на фонт

а а а

Тужбата и прогонот на Џулијан Асанж би требало да ги замолчи другите кои зборуваат против злоупотребата на власта, изјавиле уредникот на Викиликс Кристин Храфнсон и адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, ветувајќи дека ќе возвратат.

"Ова е преседан...кој всушност значи дека било кој новинар или медиумска организација било каде во светот може да биде екстрадирана и процесирана затоа што објавувал вистинити информации за САД, што, во принцип, е погрешно и треба да му се пружи отпор. Ние ќе се бориме против тоа", рекла Робинсон за RT. 

"Ова не е порака за Џулијан Асанж. Пораката е за новинарите ширум светот дека не смеат да застануваат на патот на суперсилата која сака да ја има сета моќ", рекол Храфнсон. Сепак, таа е уверена дека "секогаш ќе има храбри луѓе".

Без разлика на нападите на Асанж, "работата на Викиликс ќе продолжи", рекол Храфнсон. "Не одиме никаде".

"Тој ќе ја продолжи борбата и ќе се бори за победа - а ние ќе му помогнеме да излезе", рекол адвокатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг