Не планираа вакво спуштање: Израелското вселенско летало се сруши на Месечината

Точка

12/04/2019

09:30

4.056

Големина на фонт

а а а

“Beresheet”, чие име во превод од хебрејски ја озачува библиската фраза „на почетокот“, патуваше низ вселената седум седмици, а во текот на минатата седмица влезе во орбитата на Месечината.

Израелското вселенско летало се сруши синоќа на површината на Месечината, после низа на технички дефекти за време на слетувањето, со што неуспешно заврши историскиот обид на Израел да биде изведено контролирано спуштање на израелско летало на површината на Месечината.

Беспилотното летало повремено имало проблеми со моторот и комуникацијата во текот на 20-минутното слетување.

После долгото патување и орбитирање околу Месечината, леталото “Beresheet” влезе во елиптичната орбита на Месечината која е оддалечена на од 15 до 17 километри од површината на природниот сателит на Земјата. Набрзо потоа следувал разочарувачкиот крај.

Засега само три земји имаат успеано да извршат „меко“ слетување на површината на Земјата. Тоа се Соединетите Американски Држави, Кина и Советскиот Сојуз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг