Сите ќе скапете, сите сте ѓаволи, крадци и лажговци: Памела плукала на сè живо поради апсењето на Асанж! Не штедела зборови!

Точка

11/04/2019

18:36

4.244

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Памела Андерсон, денес САД, Велика Британија и Еквадор ги нарекла "ѓаволи, лажговци и крадци", откако нејзиниот пријател, основач на Викиликс, Џулијан Асанж, бил уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

"И вие ќе скапете. А ние ќе востанеме", порачала Андерсон на Твитер. 

Таа додала дека била шокирана поради неговото апсење, оценувајќи дека на снимката на која се гледа како го изведуваат од зградата на амбасадата и го внесуваат во полициско комби, тој изгледа многу лошо.

"Како можеше Еквадор?", прашала Памела Андерсон, а потоа и одговорила: "И вас ли ве разоткри?".

Истото прашање и го поставила и на Велика Британија.

"Секако, ти си американска ку*ка и потребно ти е да го одвлечеш вниманието од твоите брегзитовски сра*а", навела актерката.

А кога станува збор за САД, напишала: "Оваа токсична кукавица од претседател, тој треба да ја откупи својата база? Ти си себичеен и суров. И поради тебе целиот свет назадува".

47-годишниот Асанж бил уапсен денес во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако владата на таа земја му го укинала азилот.

Во еквадорската амбасада Асанж се наоѓал од 2012-та година, за да избегне екстрадиција во Шведска, која го товарела за сексуално злоставување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг