Ова го извикувал Асанж додека го апселе: Мора да се спротивставите, можете да се спротивставите

Точка

11/04/2019

16:38

3.304

Големина на фонт

а а а

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој денес бил уапсен во амбасдата на Еквадор, пружил приличен отпор во текот на апсењето, па поради тоа дури седум лица морале да го внесат во полициското возило.

На снимката која се појавила на интернет, Асанж цело време се обидувал да ги убеди полицајците да не го апсат и нешто им зборувал. 

Иако не јасно се слуша тоа што го зборува, во еден момент Асанж ги изговорил овие зборови: "Мора да се спротивставите, можете да се спротивставите".

Меѓутоа, тоа не ги спречило полицајците кои го ставиле во полициското комбе и го однеле од местото.

Инаку, владата на Еквадор го укинала азилот на Асанж по што денес британската полиција влегла во амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапсила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг