Мрачен момент! Се огласи Едвард Сноуден после апсењето на основачот на Викиликс

Точка

11/04/2019

14:58

4.485

Големина на фонт

а а а

Едвард Сноуден кој исто како и Џулијан Асанж ги разоткри тајните на американската влада, се огласи после апсењето на основачот на Викиликс денес во Лондон.

„Фотографиите на еквадорскиот амбасадор кој ја повика британската тајна полиција да го извлече добитникот на новинарска награда надвор од објектот ќе завршат во книгите по историја. Критичарите на Асанж можеби се задоволни од ова, но ова е мрачен момент за слободата на медиумите“, изјави Едвард Сноуден кој доби азил во Русија во 2017-та година.

Џулијан Асанж, чиј што Викиликс објавуваше тајни дипломатски документи и пораки на владите ширум светот денес беше уапсен во еквадорската амбасада во Лондон, само неколку дена подоцна откако на Викиликс најавија дека тоа ќе се случи.


Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во изминатите шест години, затоа што против него се поднесени бројни обвиненија за шпионажа и силување.

Сноуден инаку е поранешен американски разузнавач кој работеше за разузнавачките служби ЦИА и НСА. Тој предизвика големи контроверзии откако во јавноста изнесе тајни документи кои открија дека американските тајни служби имаат голем број на проекти за таен надзор на граѓаните.


Едвард Сноуден исто така откри документи кои потврдија дека САД извеле хакерски напади насекаде низ светот, а меѓу другото извршена била шпионажа и за време на состанокот на Г-20 во Лондон во 2009-та година, како и во Хонконг и Кина.

Сноуден им ги предаде документите на новинарите на „Гардијан“ и „Вашингтон Пост“ во јуни 2013-та година, по што побегна во Русија каде што доби азил и таму живее веќе неколку години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг