Песков: Москва се надева дека правата на Асанж ќе бидат почитувани

Макфакс

11/04/2019

14:17

988

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека се надева дека сите права на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој е уапсен денеска во Лондон, ќе бидат почитувани.

„Ако тврдењата на медиумите се вистинити, тој е уапсен во Лондон, па затоа немам ништо повеќе да додадам тука. Се надеваме, се разбира, дека сите негови права ќе бидат почитувани”, изјави Песков за новинарите одговарајќи на прашањето дали Русија е подготвена да му даде азил на Асанж, објави ТАС С.

Асанж (47) е уапсен денеска во амбасадата на Еквадор, откако владата на таа земја му го укина азилот.

Во амбасадата на Еквадор Асанж се наоѓаше од 2012 година, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска за сексуална злоупотреба.

Асанж го негираше обвинението, стравувајќи дека Шведска ќе го предаде на американските власти за да се соочи со нивните обвиненија за откривање на воени и дипломатски документи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг