Не постои личност која не сонува за живот во луксузна вила, па уште кога таа се наоѓа на самата плажа, што повеќе би посакале?
Во овој момент се продаваат пет такви велелепни недвижнини ширум светот, а за нив е потребно да се издвои вртоглава сума на пари – дури 5 милиони долари и тоа им е единствената маана.
Меѓутоа, за истите пари не се добива истата работа. Така на пример, во екслузивното Малибу за таа цена можете да купите удобен, винтиџ бунгалов, додека во Уругвај добивате простран имот со поглед кон океанот.
Овие пет домови моментално се наоѓаат на пазарот:
Зданието од 130 квадратни метри во облик на бунгалов е вистински рај за сурферите. Изграден во 1926 година, има три соби и две купатила и се наоѓа на популарната плажа Лас Флорес. Имотот содржи тераса со поглед кон океанот, доволно за сместување на 12 лица, а дури и ако сте почетник во водените спортови, домот доаѓа со сите потребни реквизити – даска за сурфање и сплав.
Овој имот се наоѓа на само неколку километри од градот Хосе Игнјасио. Покрај девет спални соби и осум купатила, во домот се наоѓа затворена градина со фонтана и уредена бавча. Куќата која гледа кон океанот има базен со топла вода, скара и директен пристап до плажата.
Со минималистички дизајн кој одговара на тивките вибрации на островот, оваа вила од 622 квадратни метри е направена за опуштање.
На само неколку чекори од Егејското море, вилата доаѓа со тераса со базен. Во имотот се наоѓа и гостинска куќа, има капацитет од 12 луѓе, а двата објекти се потполно опремени.
Само на 15 минути возење од центарот на Окленд, најголемиот град на Нов Зеланд, модерната куќа има пристап до три прекрасни плажи. Вилата има четири спални соби и три купатила и е уредена во скандинавски стил. Во големиот двор се наоѓа камин и скара.
Вилата со четири соби и четири и пол купатила има многу погодности. Со 306 квадратни метри, куќата има приватна плажа и базен, а нејзините станари имаат пристап до објектите на клубот Абако кои вклучуваат голф терен, тениски терени и опрема за разни спортови на вода.