Средношколци подгответе се за конференцијата „Да го следам ли својот сон?“

Точка

10/04/2019

16:17

1.625

Големина на фонт

а а а

Во сабота, на 13 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА, со почетоки од 11 часот, па се до 16 часот, традиционално ќе се одржи по седми пат конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“.

Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера.


За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.


Овој традиционален настан, во изминативе шест години го имаат посетено повеќе од 700 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk.


Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг