Службеник на еквадорската амбасада во Лондон добил отказ поради пријателството со Асанж

Точка

09/04/2019

11:48

1.433

Големина на фонт

а а а

До отпуштањето на службеникот дошло по порастот на тензиите меѓу Еквадор и Асанж.

Владата на Еквадор отпуштила еден службеник од амбасадата во Лондон кој бил обвинет дека одржувал блиски врски со основачот на "Wikileaks", Џулијан Асанж. 

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Хосе Валенсија, за Радио Демократија рекол дека станува збор за државен службеник кој "работел во многу близок однос со Асанж".

Тој не навел повеќе информации за случајот, пренесува "AP", а како што се наведува, до отпуштањето на службеникот дошло по порастот на тензиите меѓу Еквадор и Асанж.

"AP" пренел дека Еквадор неодамна го обвинил Викиликс дека помогнал во објавувањето на личните документи на претседателот на таа држава, Ленин Морено.

Морено претходно рекол дека Асанж нема право да хакира приватни профили или телефони и дека не може да се меша во политиката на другите земји, посебно оние кои имаат пријателски односи со Еквадор, јавува "Reuters", повикувајќи се на интервју кое Морено го дал за локалните медиуми.

Асанж добил азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012-та година, а го побарал за да избегне екстрадиција во Шведска, чии власти сакале да го испрашаат во рамките на истрагата за сексуален напад.

Од истрага подоцна се откажало, но Асанж стравува дека би можел да биде екстрадиран во САД, каде Викиликс е предмет на истрага на сојузните обвинители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг