Силјановска: Младите ги носат промените, бунтовноста и бестрашноста, тие ќе ја донесат победата

Макфакс

08/04/2019

18:30

631

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова денеска оствари средба со пензионери во Градскиот парк и средба со млади во Битола.

Таа при средбата со младите посочи дека тие се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени.

„Најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата“, појасни Силјановска Давкова.

Кандидатката истакна дека младите ќе ја донесат победата затоа што секогаш младите луѓе се носители на промените, бунтовноста и бестрашноста.

Силјановска-Давкова при средбата со пензионерите рече дека со нив разговарале за нивните проблеми во секојдневниот живот, иселувањето на младите, како и за кратењето на пензиите односно за негрижата на оваа влада кон нив.

„Како што треба да се грижиме за нашата иднина, а тоа се младите, така треба да се грижиме подеднакво и за нашето минато и минат труд преку грижа за пензионерите и нивните потреби“, нагласи Силјановска-Давкова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг