Асанж изјавил пред судот во Еквадор дека е под ризик од атентат

Макфакс

08/04/2019

15:01

1.031

Големина на фонт

а а а

„Викиликс“ објави транскрипт од говорот на Џулијан Асанж на сослушувањето зад затворени врати во еквадорскиот суд, каде што се пожалил дека новите ограничувања што му се наметнати ги кршат неговите уставни права, пренесува „Спутник“.

Асанж сведочеше пред судот за својата ситуација преку Скајп на 29 октомври. Тој призна дека не се чувствува безбедно во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што е затворен од 2012 година.

„Луѓе се обидуваа да влезат во амбасадата низ прозорците ноќе. Изложен сум на ризик од атентат и ова не е шега, сериозно е “, се вели во објавениот транскрипт.

На судењето, Асанж побарал од судијата итно да ги забрани неговото продолжено замолчување и изолација – барање кое на крајот беше отфрлено.

„Владата одигра игра во која се обиде да ги претстави овие многу сериозни ограничувања за човековото достоинство како да станува збор за интернет. Не е само интернетот, туку ограничени се сите мои телефонски повици”, рече тој, додавајќи дека во зградата биле инсталирани три попречувачи на сигналот.

Според транскриптот, Асанж тврди дека со таквите чекори, властите на Еквадор отвораат пат за повлекување на неговиот статус на азилант и негово предавање на САД . Тој посочи дека ова промена се случила бидејќи Еквадор одлучил да потклекне на притисокот од САД.

„Поради разни слабости во владата на Еквадор, земјата стана слаба и почна да се потпира на САД и на Велика Британија за поддршка, а со тоаго зајакна влијанието од САД “.

Транскриптот беше објавен неколку дена откако „Викиликс“ објави дека Асанж може да биде протеран од амбасадата за многу кусо време. По најавата, специјалниот известувач на ОН за правото на приватност најави посета на Асанж на 25и април за да утврди дали неговите права се навистина прекршени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг