Зеленски подготвен за преговори со Путин за мирот во Донбас

Макфакс

08/04/2019

11:45

1.725

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседателски кандидат Владимир Зеленски рече дека е неопходно во присуство на западните претставници да се разговара со Русија за мирот во Донбас.Тој додаде дека е подготвен да преговара со рускиот лидер Владимир Путин.

,,Да се прекине со пукањето за нашите војници да не гинат повеќе. Што можеме да направиме? Мораме да продолжиме да го имплементираме Минскиот договор, но и да го реформираме” . Неопходни се преговори со Русија во присуство на западните претставници”, рече тој.

Потврдувајќи дека е подготвен да преговара со Путин, тој додаде дека Украина ,,никогаш нема да жртвува територии и луѓе”. Зеленски, исто така, смета дека е потребно да се воспостави прекин на огнот во Донбас што е можно поскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг