,,Гордана Силјановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни.Исто како Мицкоски и Силјановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ.Јасно е, Силјановска е против напредокот на земјата”, соопшти СДСМ.
Според партијата, нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат.
,,Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.Силјановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата.Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски”, се додава во соопштението.