Големи судири во Либија, светот стравува од нова граѓанска војна: Заробени се 100 војници на генералот Хафтар

Точка

06/04/2019

11:44

2.974

Големина на фонт

а а а

Вооружените групи во западна Либија, инаку блиски до владата на оваа северноафиканска земја, синоќа се судриле со силите на ривалската војска на командатот Халиф Хафтар и заробиле 100 негови војници.

Покрај тоа, биле изведени жестоки воздушни напади на позициите на војската на Хафтар, откако тој претходно најави офанзива на Триполи, главниот град на Либија.

Ситуацијата драстично ескалирала откако силите под водство на Хафтар, кој ја води самопрогласената Либиска национална армија со седиште на истокот од земјата, тргнале кон запад и главниот град Триполи каде што се наоѓа седиштето на владата на Национално единство поддржана од Обединетите нации.

Според аналитичарите, борбите помеѓу војската на Хафтар и вооружените сили на владата од Триполи би можеле да ја втурнат Либија во нова фаза на насилства, можеби и најтешка од 2011-та година кога во граѓанската војна беше симнат од власт и брутално убиен тогашниот претседател на државата Муамер Гадафи.

Покрај тоа, новите борби би можеле да ги загрозат претстојните мировни преговори помеѓу ривалските сили кои што беа издејствувани со посредување на Обединетите нации, кои имаат за цел да се организираат избори. Преговорите беа планирани да се одржат во периодот од 14-ти до 16-ти април.

По барање на Велика Британија, Советот за безбедност закажа состанок зад затворени врати на кои се разгледува развојот на ситуацијата во Либија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг