Samsung Galaxy Note 10 би можел да пристигне и во помала верзија

Точка

04/04/2019

18:11

2.803

Големина на фонт

а а а

По примерот на другите производители, Samsung покрај стандардниот Galaxy Note 10, би можеле да претстават и помала, но и поевтина верзија на овој паметен телефон.

Samsung продолжува да ги следи трендовите на конкуренцијата, па така неодамна претстави три модели на Galaxy S10 серијата паметни телефони. После претставувањето на Galaxy S10, поголемиот Galaxy S10+ и поевтиниот Galaxy S10e, според TechRadar, веројатно ќе пристигнат и повеќе модели на Galaxy Note 10 серијата.

Според корејските медиуми, од Samsung набавувале компоненти за две големини на Galaxy Note 10. Едниот модел би требало да има екран со големина од 6,7-инчи, додека другата верзија би имала помал екран.


Исто така, голема е веројатноста поголемиот уред со екран од 6,7-инчи да има и поддршка за 5G мрежата, додека поевтината верзија би немала таква поддршка и телефонот би имал екран со големина од 6,4-инчи.

Наводно, помалиот и поевтин Galaxy Note 10 би требало да се продава само на европскиот пазар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг