Дојде првиот трејлер за мини серијата "Чернобил" која ја пренесува историската приказна за нуклеарната несреќа во 1986-та година.
Серијата ги следи настаните пред и по најголемата еколошка катастрофа на новото време. Погледот на првите кадри за многумина е шокантен, а според најавите на продуцентите, комплетната серија ќе има такви сцени.
Чернобилската несреќа се случила во април 1986-та година, а предизвикана била кога повеќе од 200 тони ураниум експлодирале во реакторот. Постојат две верзии за причините на катастрофата. Според првата, причина била исклучиво грешка на операторот, а според втората, причина за несреќата биле грешките во дизајнот на самиот реактор. Бројот на жртви во оваа несреќа ни денес не е познат, а последиците уште се закануваат по здравјето на околното население.
Во серијата главните улоги ги имаат Џеред Харис, Емили Вотсон и Стелан Скарсгард.
Скарсгард како заменик премиер во серијата се обидува да ги сопре хорорите во Чернобил, додека нуклеарните физичари Харис и Вотсон се обидуваат да ја пронајдат смислата на катастрофата.
"Во Чернобил нема ништо разумно", вели Харис во првиот трејлер.
Серијата ќе има пет делови, а првиот дел премиерно ќе биде прикажан на 6-ти мај оваа година.