Германска професорка предизвика голем скандал: "Немојте да раѓате, од децата нема никаква корист!"

Точка

02/04/2019

14:47

3.244

Големина на фонт

а а а

Ниту во Германија како да не може повеќе без скандали. Во епицентарот на најновите е 38 годишната гимназиска професорка Верена Брауншвајгер и нејзината книга Кinderfrei statt kinderlos (Нераѓање наместо безбедност).

Брауншвајгер во својот манифест немала влакна на јазикот. Без срам објавила дека "нови деца не се потребни", бидејќи со нивното доаѓање на свет ќе се влоши климатската ситуација на планетата. Токму така. 

Објаснила дека секоја нова гадна уста значи нов тон на јаглен диоксид. И предупреди: "Наскоро ќе нема да имаме што да дишеме. Мразовите ќе се стопат и сите ќе пропаднеме. Престанете да раѓате!".


Брауншвајгер апелира жените доброволно да се откажат од мајчинството, а како друга причина за тоа ја наведува и економската криза. Уште додаде дека за мајките на породилно боледување работат сите оние кои немаат деца. А, тоа според неа не е правилно.


"Од децата нема никаква корист. Тие никого не прават среќен. Родителите се зомби кои се движат. Уште Ниче говореше дека новороденчињата се нова прашина која пристигнува во овој свет".

Во Германија по повод на манифестот веќе прашуваат прашања од типот: "На што мислеше Брауншвајгер кога раѓаше деца?".




Спонзорирани линкови

Маркетинг