Руска навивачка која станала водителка, го исполни ветувањето и објави топлес фотографија откако нејзината омилена екипа Салават Јулајев Уфа влезе во финалето на конференцијата на КХЛ.
Улјана Тригубчак е убедена дека Салават може да го освои Гагарин Купот и најави дека ќе позира сосема гола доколку се случи тоа.
Соблекувањето во топлес е последното ветување кое го исполнила. Имено, кога Уфа влезе во плејоф, таа ветила дека повторно ќе ја облече навивачката победничка униформа.
Екипата успеа да победи, а таа го одржа своето ветување и дури направила и неколку интервјуа. Отишла и чекор напред кога одговараше на коментарот на еден новинар и даде ветување дека ќе позира во топлес доколку Уфа дојде до финале.
Сега е во потрага на фотограф на кој ќе му позира гола.
"Барам фотограф за гола фотосесија, прашувам за пријателка", напишала на Твитер и воодушевила илјадници фанови кои се во исчекување на нејзините нови фотографии.