Повторно хаос во Тирана: Демонстрантите го нападнале Парламентот, полицијата возвратила со солзавец и водени топови

Точка

28/03/2019

14:14

1.877

Големина на фонт

а а а

Учесниците на протестите на опозицијата во Тирана денес повторно се обиделе да влезат во зградата на парламентот на Албанија, каде во тек е пленарна седница, јавува "AP".

Демонстрантите, кои се предводени од Демократската партија на Љуљзим Баша, партија на десниот центар, користеле димни бомби и проектили, и се судриле со албанската полиција која ја чувала зградата на парламентот и се обиделе да го пробијат кордонот. 

Албанската опозиција ја обвинува владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама за корупција и поврзаност со организираниот криминал, што власта демантира.

Од средината на февруари, приврзаниците на албанската опозиција предводена од Демократската партија, во неколку наврати се обидувале да продрат до зградата на албанскиот парламент и седиштето на владата, но полицијата ги одвраќала користејќи солзавец и водени топови.

Од владејачката партија на премиерот Еди Рама велат дека протестите на опозицијата го попречуваат напредокот на Албанија кон членство во ЕУ.

Албанската опозиција бара оставка на владата и привремени парламентарни избори, и најавила голем протест за 13-ти април.




Спонзорирани линкови

Маркетинг