Тереза Меј најави оставка доколку биде усвоен договорот за Брегзит

Точка

27/03/2019

20:03

1.951

Големина на фонт

а а а

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј им рекла на пратениците дека ќе си поднесе оставка доколку Парламентот го усвои договорот за Брегзит.

"Меј ќе си замине доколку се усвои договорот. Изгледа дека после тоа ќе си замине", рекол пратеникот кој инсистирал да остане анонимен и кој рекол дека договорот веќе двапати бил отфрлен. 


„Подготвена сум да ја напуштам функцијата порано од планираното, со цел да го направиме она што е исправно за нашата земја и за нашата партија“, изјави Меј на состанокот со повеќе од 300 конзервативни пратеници.

Ова уследи неколку дена откако парламентот ја презеде контролата врз процесот на спроведување на Брегзит. Британските пратеници ќе можат да гласаат за осум многу различни опции за излез на Велика Британија од Европската Унија. Портпаролот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу, ги избра денеска тие осум предлози, од вкупно 16 коишто ги поднесоа пратениците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг