Утре нова рунда преговори за СЈО, денеска ќе се разгледуваат амандманите

Макфакс

27/03/2019

13:28

933

Големина на фонт

а а а

Утре попладне ќе се одржи нова рунда преговори меѓу власта и опозицијата за новиот предлог-закон за обвинителство, што го опфаќа и СЈО, потврдуваат од Министерството за правда.

Оттаму велат дека амандманите на законот што ги доставила опозициската ВМРО-ДПМНЕ стигнале во 20 часот и 19 минути и дека од тие причини, денеска ќе ги разгледаат амандманите , а утре ќе се сретнат работните групи.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак тврдат дека вчера во 16 часот и 19 минути адвокатот Тони Менкиновски кој е дел од работната група во преговорите, преку електронска пошта ги испратиле амандманите до министерката Рената Дескоска.

Дилемите за времето кога биле испратени и кога стигнале до министерството останаа неразјаснети, а нема детали ниту што содржат амандманите. Познато е дека станува збор за 65 амандмани , кои од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат власта да ги прифати , откако двете претходни средби на работната група поминаа без договор.

Опозицијата не отстапува од барањата СЈО да биде дел од обвинителството за организиран криминал, и да прекине со истрагите по 30 јуни ,како и обвинителот да се бира на предлог на опозицијата. За власта законот е добар и во согласност со сите меѓународни препораки. Ако двете страни не успеат да постигнат договор, власта не ја исклучува можноста за консултации со сите пратеници , со цел да обезбеди двотретинско мнозинство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг