Министерство за правда: Пристигнаа амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

Нетпрес

27/03/2019

11:21

1.220

Големина на фонт

а а а

Амандманите за законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пристигнале до Министерството за правда.

Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска, потврдија утрово за МИА од Министерството за правда.

Мицкоски вчера на ТВ дуелот кажа дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда и до меѓународната заедница доставила 65 амандмани, откако Министерството претходно ги прифатило принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

Од Министерството за правда вчера информираа дека до крајот на работното време не ги добиле амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред тв дуелот со Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг