Со 329 гласови за и 302 гласови против, парламентарците во Велика Британија гласаа за амандманот што го предложи пратеникот Оливер Летвин, а според којшто на парламентот му се дозволува да го води дневниот ред во законодавниот дом кога станува збор за брегзитот.
Ова значи дека парламентот повеќе не е зависен од опциите кои на гласање ги става премиерката Тереза Меј, туку сега членовите на парламентот ќе ги ставаат своите предлози на дневниот ред и ќе гласаат за нив, со цел да го решат проблемот со брегзитот.
Премиерката Тереза Меј изрази скептицизам во врска со овој процес бидејќи, според неа, тој не нуди гаранции дека ќе обезбеди мнозинство за која било опција.
Договорот што Меј го постигна со ЕУ веќе двапати беше отфрлен во Парламентот, а ЕУ побара одложување на Брегзит.