Емили Ратајковски во необично и непрепознатливо издание

Точка

25/03/2019

21:50

4.014

Големина на фонт

а а а

Откако се прослави, манекенката Емили Ратајковски ја негува својата природна кафена коса со средна должина.

Но изгледа дека сега одлучила да види на кој начин русокосите повеќе се забавуваат од бринетите, а според фотографиите кои ги објави на Инстаграм, изгледа дека популарната изрека „држи вода“.


Манекенката за посета на Тексас одличила да се претвори во модерна кантри девојка со каубојски шешир и чизми, сребрена јакна и оскуден комплет со реси, но многу поинтересна од аутфитот била нејзината бујна и витката платинесто руса коса.

Иако ова не е првпат да носи перика, досега сме немале прилика да ја видиме токму во вакво издание и тешко би ја препознале доколку сама не ги објавеше овие фотографии на својот Инстаграм профил.


Но, иако е непрепознатлива, веруваме дека повеќето од вас ќе се согласат дека на убавата Емили и овој изглед ѝ прилега одлично. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг