Пристина првиот трејлер за авантурата на најпознатата истражувачка Дора

Точка

25/03/2019

21:37

2.535

Големина на фонт

а а а

Пристигна првиот трејлер за авантурата "Dora and The Lost City of Gold" на која веќе долго време чекаат најмалите, а која ја претставува извонредната приказна за најпознатата истражувачка Дора.

Дора веќе одамна е омилен лик во светот на цртаните филмови, а благодарејќи на продуцентската куќа Парамаунт сега пристигнува и како адаптација на игран филм. 

Оваа семејна авантура ја режираше Џејмс Бобин, а на сценариото заедно работеле Крис Гифорд и Метју Робинсон.


"Дора ги води пријателите на авантура за да ги спаси своите родители и да ја реши тајната зад изгубениот град на златото", се наведува во описот на филмот.

Главната ѕвезда на овој филм е Изабела Монер, односно во улогата на Дора, а покрај неа улоги оствариле и Ева Лонгорија, Еухение Дербез, Мајкл Пена, Џефри Волберг и многу други.


"Dora and the Lost City of Gold" премиерно ќе биде прикажан на 2 август оваа година во САД, а потоа ќе оствари и светска кино дистрибуција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг