Таткото на Нејмар оцени какви се шансите за сензационален трансфер: Почнавме преговори со ПСЖ

Дерби

25/03/2019

18:45

2.125

Големина на фонт

а а а

Вистинско разочарување за фановите на ПСЖ беше тоа што втора година по ред мораа да гледаат како нивната ѕвезда се повредува во клучниот дел од сезоната, односно непосредно пред најважните натпревари во Лигата на шампионите, натпреварување кое приоритет број еден за „светците“ веќе неколку сезони.

Нејмар успеа да ја обнови повредата на метатарзалната коска поради која лани го пропушти реванш дуелот со Реал Мадрид, а оваа година не настапи на пресметките со Манчестер Јунајтед од кои на крај како поуспешен излезе англискиот премиерлигаш. Бразилската ѕвезда со големо разочарување ја поднесе елиминацијата на неговиот тим, а поради тоа повторно се појавија безброј шпекулации за евентуално заминување од ПСЖ по новиот неуспех на амбициозниот проект.

Напаѓачот во овој момент и натаму се рехабилитира од незгодната повреда на козервативен начин, но сега неговото име се најде во фокусот поради изјавата која ја даде Нејмар Сениор.

– Шансите да си замине од ПСЖ не се многу големи. Тој има уште три години од актуелниот договор, а во последно време водиме преговори со ПСЖ. Водиме преговори за подобрување на договорот и продолжување на соработката, – открива таткото на Нејмар за „УОЛ Еспорте“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг