Се огласи Канте по најавите кои го поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид

Дерби

25/03/2019

17:02

2.156

Големина на фонт

а а а

Харизматичниот фудбалер на Челси, Нголо Канте со своите игри на теренот го привлече вниманието на бројни европски клубови, меѓу кои предничи интересот од Реал Мадрид.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Канте би можел да биде дел од новиот „Галактико“ проект на Реал Мадрид и дека него лично ќе го убедува Зинедин Зидан.

Лошите резултати на Челси одат во прилог на ривалите за негов потпис, па така Канте наскоро би можел да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, францускиот репрезентативец околу ова прашање даде многу претпазлив одговор потенцирајќи дека во моментов не размислува за евентуален повик од Зидан.

– Денес јас сум играч на Челси. Тоа што се зборува за мојата иднина не ми значи ништо, јас сум фокусиран само на Челси и не размислувам за евентуалниот повик од Зидан, - заклучи Канте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг