Како што пишува "New York Times" во 2011-та година шефовите не "Boeing", соочени со можноста "American Airlines" да купи стотина авиони од "Airbus", се откажале од идејата за развој на нов модел на летало, за што би потрошиле цела деценија, и одлучиле да го осовременат постоечкиот 737, во рок од шест години.
Сега, меѓутоа, тоа брзање да се направи 737 Max, се заканува да ја загрози репутацијата и профитот на компанијата.
На почетокот во "Boeing" не биле многу загрижени поради новиот најавен модел на "Airbus", "A320neo".
Во седиштето на секторот на "Boeing" за патнички авиони во Рентон, во државата Вашингтон, процениле дека тој авион ќе биде скап и неконкурентен.
Сметале дека не треба веднаш да се реагира, туку дека треба да се почека крајот на деценијата и на пазарот да се исфрли сосема нов модел на авион.
"Boeing", инаку, долго немал причина да се грижи за европската конкуренција.
Но, од крајот на 1990-тите се повеќе нискобуџетни компании купувале A320, за "Airbus' од 2005-та да го преземе приматот во продажбата.
Во дотогаш арогантниот "Boeing", алармот се вклучил дури кога се појавила можноста еден голем американски авиопревозник својата флота да ја пополни исклучиво со авиони на "Airbus".
Тогаш започнала жестока трка да се надомести заостатокот. Инженерите биле притискани во кратки рокови да направат технички решенија и нов дизајн, работниците биле преместувани во други сектори, а притоа буџетот бил ограничен.
Сегашните и поранешни вработени во "Boeing" велат дека, и покрај тоа брзање, немале никаков сомнеж во квалитетот на проектот кога работата била завршена. За да го достигне "Airbus", "Boeing" морал на 737 Max да постави нов посилен и поголем мотор, што со себе повлекло низа измени.
Поголемиот мотор ја менува аеродинамиката на авионот и го прави во некои околности полесно да ја губи аеродинамиката на крилата. За тоа да се спречи, "Boeing" додал нов софтвер, со име MCAS, кој автоматски би го спуштил носот на авионот ако тој се навали под опасен агол.
Бидејќи новиот систем работел од втор план, во "Boeing" не сметале дека за тоа е потребна обука на пилоти, а регулаторните власти се согласиле.
Се воспоставило, меѓутоа, дека токму тој нов систем се нашол во фокусот на истрагата на последните авионски несреќи.
"Boeing" сега работи на поправање на MCAS.
Компанијата е под се поголем притисок бидејќи авиопревозниците размислуваат да се откажат од нарачките или да бараат оштета.
Производството во фабриката во Рентон, меѓутоа, продолжува. "Boeing" моментално произведува 52 модели од 737 месечно, во главно 737 Max, а во април планира тој број да го зголеми на 56, пишува "New York Times".