„Франс Фудбал“ тврди: Реал Мадрид нуди богатство за Мбапе

Точка

25/03/2019

17:01

1.086

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува угледниот француски медиум, од управата на Реал Мадрид ќе се обидат по секоја цена да дојдат до потписот на младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Наводно Реал Мадрид идното лето планира за услугите на младиот француски репрезентативец, на париски ПСЖ да им понуди вртоглави 280 милиони евра.

Доколку тој трансфер навистина се реализира, Мбапе ќе стане најскапиот фудбалер на светот и ќе го симне од врвот неговиот соиграч од ПСЖ, Бразилецот Нејмар кој за 222 милиони евра се пресели од Барселона на „Паркот на принцовите“.

Мбапе ќе биде главна трансфер мета на Реал Мадрид идното лето, а враќањето на Зидан во Реал значи и почеток на создавање на нова ера на Галактикоси која ќе ја предводи токму младиот Французин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг