Мурињо: Сакам да ја освојам Лигата на шампионите по трет пат

Точка

25/03/2019

16:06

1.536

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед проговори за своите желби за продолжување на кариерата.

Португалецот последниот ангажман го имаше во Манчестер Јунајтед каде што доби отказ кон крајот на декември минатата година. Тој во разговор за “Canal Plus” откри дека негова желба е да ја освои Лигата на шампионите по трет пат.

„Ми недостасува тренингот со играчите. Не го кријам тоа. Планирам да ја освојам петтата лигашка титула и Лигата на шампионите со некој нов клуб“, изјави Жозе Мурињо.

Мурињо во досегашниот дел од сезоната, од позначајните титули, ги освојуваше шампионските титули во англиското, италијанското и шпанското првенство, а два пати беше и европски шампион, успех кој го постигна со Порто и Интер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг