Култната серија добива свое филмско продолжение

Точка

25/03/2019

16:34

2.454

Големина на фонт

а а а

НВО објави официјален тизер за продолжение на серијата „Deadwood“, која имаше три сезони, во период од 2004-та до 2006-та година.

Легендарната серија на Дејвид Милч, се враќа на 31-ви мај во форма на долгометражен филм.

Според авторите на серијата и филмот, ова воедно ќе биде и завршно поглавје за главните јунаци на овој вестерн, кои во малку сезони и епизоди ги освои гледачите ширум светот.

Снимањето на филмот започнало во октомври минатата година, а приказната се одвива десет години по крајот на серијата.

Филмот го режирал Даниел Минахан, познат како режисер на епизоди на „Игра на тронови“, „Американска криминалистичка приказна“, „Куќа од карти“.


Главните улоги повторно се резервирани за Иак Мекшејн, Тимоти Олифант, Ким Дикенс, Моли Паркер и останатите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг