Доколку сте жена голема е веројатноста да не се воодушевувате ако ве споредуваат со вашата мајка. Но, ново истражување сугерира дека претворањето во сопствената мајка во еден момент од животот е неминовно.
"Кога жените ќе наполнат 33 години, официјално започнуваат да се претвораат во своите мајки, ги преземаат нивните навики, вкусови и ставови. Тоа особено е случај ако жената го добила првото дете", вели резултатот од истражувањето на д-р Џулиана Де Силва од Лондон кое било спроведено на 2.000 мажи и жени.
"Главниот момент за вакви промени е тогаш кога младите за првпат стануваат родители, како и големата промена на стилот на живот пред и после бебе. Тоа е неизбежен дел од стареењето, но и процес кој многу луѓе би сакале да го одложат".
Де Силва заклучи дека повеќе од половина жени во раните 30 години се однесувале слично на своите мајки, за разлика од однесувањето во младите години, кои во поголемите случаеви биле резултат на "бунење" против таквиот живот.
Откриено е дека мажите започнуваат да се преобразуваат во своите татковци на околу 34 годишна возраст, а тоа прво се покажува во музичките вкусови и потоа политичките ставови.
Покрај тоа што во тие години луѓето сè повеќе почнуваат да се однесуваат како своите родители, многумина чувствуваат дека во тие години почнуваат и сè повеќе физички да наликуваат на своите родители.
"Сите се претвораме во своите родители во некој момент од нашиот живот и тоа е нешто што треба да се прослави", вели д-р Де Силва за Mirror.