Рускиот “господар на студот” скокнал од авион полугол на -23 Целзиусови степени: За овој подвиг се припремал со денови

Точка

25/03/2019

16:39

2.126

Големина на фонт

а а а

Олег Резанов, познат како “господар на студот”, го собори светскиот рекорд за скокање од авион облечен само во кратки панталони на леденото небо над Јакутија во Русија.

Во саботата, Резанов скокнал на висина од 4,1 километри, поставувајќи го својот 12-ти личен рекорд за преживување во екстремни услови, пренесува “RT”. 

Како што пренесуваат медиумите, температурата во тој момент изнесувала -23 Целзиусови степени. Олег скокнал со партнер, врзан за потполно облечен инструктор.

За овој “леден скок” се припремал “тренирајќи на студ, во комбинација со национални обреди и традиции”, напишал тој на Инстаграм каде поделил и снимки на кои лежи полугол и закопан во снегот.

Русинот, својот прв екстремен студен рекорд го поставил во текот на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи каде две минути пливал во ледените води на Црното море.



Спонзорирани линкови

Маркетинг